Искршени канделабри, распрснати стакла на сите страни, оголени жици кои висат од разводните кутии и кои се опасност по животот и на оние кои ја направиле штетата. Ова е денешната слика на Паркот на Револуциијата во Прилеп.
„Откорнати и истуркани камења од оградите на споменичните места, кои опстанале на местото од самата градба на Паркот на револуцијата. Жалосна, а пред се, опасна е сликата денеска која ја затекнавме на Могилата, зашто се работи за активна струја во сите откорнати разводни кутии од светилките. На Могилата има постојани оштетувања, но да се уништат сите светилки во една вечер, е повеќе од вандализам“, велат од ЈКП „Комуналец“ Прилеп.
126