Пендаровски: „Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава

Facebook
Twitter
Email
Print

„Рекет“ е круцијален тест за системот на правната држава и треба да се реши темелно до крај не заради Европа, туку, пред се, заради нас самите. Не смееме да ги толерираме евентуалните странични влијанија без разлика од која страна доаѓаат, изјави денес претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

 

„Економскиот развој и нултата толеранција за корупцијата мораат да бидат врвни приоритети за секоја власт. За успешно справување со овие предизвици потребно е обединување на потенцијалот и поддршка од сите нас, и од власта, и од опозицијата, од бизнис-секторот, од граѓанските здруженија, од медиумите. Правната држава и владеењето на правото не смеат да бидат празна флоскула во која, патем, граѓаните низ годините сè помалку веруваат. Правосудниот, судскиот и обвинителскиот систем мора да имаат соодветна, темелна и навремена реакција, целосно заштитена од политички влијанија“, рече Пендаровски.

 

Како разочарувачка тој ја спомена состојбата што од осамостојувањето на земјава до денес има многу малку пресуди за случаи за висока корупција и изречени соодветни санкции.

 

„А сите знаеме дека такви злоупотреби има многу. Овој факт говори дека високиот криминал и корупција биле прикривани и сме етаблирале култура на неказнување“, рече Пендаровски и додаде дека секаде каде што има политички мешања во бизнисот, економијата трпи, малкумина се богатат под сомнителни околности, а народот страда.

 

Според него, на Македонија ѝ е неопходно системско справување со корупцијата и воспоставување вредносен систем кој ќе биде во согласност со европските стандарди и критериуми, за што, како што рече, е неопходна јасно изразена волја на сите релевантни политички чинители во државата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи