Швајцарија го изгуби приматот на најбогата нација

Американците ги поминаа швајцарците и сега се најбогатата нација во светот, поради тоа што остатокот од светот постепено го „топи“ богатството, се вели во најновиот извештај за глобалното богатсво од осигурителната компанија „Емако“ Алијанса.

 

Според извештајот, просечното нето финансиско средство на луѓето кои живеат во САД е 184.411 евра (203,128 американски долари) по глава на жител, наспроти 173.838 евра што е приватно богатство на швајцарец. Доставените податоци се за 2018 година.

 

Во извештајот се наведува и дека новата заштеда означи глобален рекорд бидејќи се искачи за 22 % на повеќе од 2.700 милијарди евра. Ова се припишува на минатогодишната даночна реформа во САД, според која Американците ги зголемуваат новите заштеди за 46 %.

 

Иако САД го зазедоа првото место во извештајот, Швајцарија е сè уште на врвот на бруто-финансиските средства по глава на жител, со 266,318 €, наспроти 227.364 €.

 

Швајцарија и САД се далеку пред трето рангираниот Сингапур, каде вкупното нето финансиско богатство по глава на жител е „само“ 100.370 долари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи