МВР информира дека в понеделник (30.09.2019 година) со почеток од 08.00 до околу 13.00 часот во Крушево на место викано „Слива”, ќе се спроведе боево гаѓање од страна на припадниците на полицијата.
Се замолуваат граѓаните во наведениот период да не се движат во тој реон односно во непосредна близина на стрелиштето.