Грција за првпат именуваше амбасадор во Македонија

Facebook
Twitter
Email
Print

Грција за прв пат именуваше амбасадор во Македонија. Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма од страна на Димитрис Јанакакис, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Грција.

 

„Ваша екселенцијо, господине Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, имам особена чест да ви ги предадам моите акредитивни писма како прв амбасадор на Хеленската Република во Република Северна Македонија“, рече Димитриј Јанакакис, Амбасадор на Грција во Македонија.

 

По цели 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Грција, на 13 август 1995 година кога двете земји ја потпишаа Времената спогодба, нашиот јужен сосед именува амбасадор во државата. И Јанакакис и Пендаровски денеска во своите говори при свечениот чин – предавањето на акредитивните писма ударно го споменаа Преспанскиот договор потпишан минатата година на 17 јуни.

 

„Договорот од Преспа создава големи можности за постојано и значително унапредување на соработката на сите полиња и изградба на партнерски однос како што доликува на две соседни земји што споделуваат евро-атлантски вредности“, рекол претседателот Пендаровски, истакнувајќи дека нашата земја во духот на добрососедството е подготвена за натамошна посветена и суштинска соработка со Република Грција, што е од интерес за граѓаните на двете земји и нивната благосостојба.

 

„За време на мојот престој беше потпишан Договорот од Преспа и ратификуван и стапи во сила што доведе Грција да го поддржи пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ…“, рече Јанакакис.

 

Димитриј Јанакакис од 2016 е вршител на должност шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје која по Преспанскиот договор прерасна во амбасада.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи