На 21 октомври во Кривичниот суд, Миле Јовановски, татко на Боки 13 ќе седне на обвинителна клупа, каде што ќе му се суди за кривичното дело „Тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот Законик.
Таткото на Бојан, кој е и официјален сопственик на 1ТВ, ќе одговара за напад врз свештеникот Виктор Стојчев.
Нападот над свештеникот се случил на 7 јануари 2017 година, во кој Стојчев се здобил со скршеница, по што поднел кривична пријава против Јовановски.
102