Басистката Андреа Мирческа е најдобар млад џез музичар

Басистката Андреа Мирческа е добитничка на наградата „Златен Орикс“, за најдобар млад џез музичар која трета година по ред ја доделуваат „Скопје Џез Фестивал“ во соработка „Катар Ервејс“.

 

Андреа Мирческа е родена 1998 година во Прилеп. Завршила средно музичко училиште во Битола. Студира џез контрабас, апсолвентка е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Кирил Туфекчиевски. Повремено свири со Летечки пекинезери, била дел од Мјузик митинг Сараево во склоп на Џез фест Сараево.

 

Гостува на неколку концерти на Јордан Костов Трио (со Марко Боско – перкусии и Маки Хачиyа – вокал и пијано). Дел е од најновиот авторски проект „Шамба“ на гитаристот Бојан Петков. Редовно настапува на клупски џез свирки во Скопје и низ земјата. Вклучена е и во повеќе уметнички проекти: ГОДО, Танго Ритмо, ЗиБомбхЛабаво&Фанки и други.

 

Извор: РадиоМОФ

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи