Во Крушево утре ќе бидат пречекани учесниците во ултрамаратонот од Нова Градишка до Крушево кој по дванаести пат се одржува во чест на нашата голема музичка ѕвезда Тоше Проески, кој на 16 октомври 2007 година го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Хрватска.
Организаторот, средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче” со поддршка на Општината Крушево и на Локалниот младински совет заедно со други институции, угостители, компании и граѓани набави рози кои ќе бидат оставани на патот каде што ќе поминуваат маратонците, од влезот на градот се до гробното место на Тоше на Гумење.
Ова е втора година по ред на ваков начин да се пречекуваат маратонците, а според организаторите целта е граѓаните и институциите, заедно, да придонесат споменот за Тоше да продолжи да живее.