ВИДЕО – Дали хемискиот отпад кој со години се одлага на крушевската депонија е штетен по здравјето на луѓето ?

Подолг период на крушевската депонија се одлага хемиски отпад спакуван во метални буриња. Освен што се депонира таму, бидејии депонијата честот пати и гори, заедно со комуналниот отпад горат и овие бурииња по што се шири неподнослива миризба и чад. Граѓани на Крушево кои сакаа да останат анонимни велат дека се плашат за свото здравје поради овој отпад.

 

 

За овој проблем се обративме до ЈП „Комуна“ од Крушево, која управува со депонијата, од каде писмено потврдија дека станувало збор за хемиски смоли и полиестер кои потекнувале од фабриката „Еуро профил“ кај селото Алданци, но велат дека отпадот не бил штетен за здравјето на луѓето и околината. Велат дека Општина Крушево имала повеќе децениски проблем со одлагањето на отпадот  бидејќи депонијата се наоѓа скоро до последните куќи од градот.

 

И од компанијата Еуро Профил кај селото Алданци која се занимава со производство на композитнии материјали од смоли и полиестер признаваат дека со години го депонираат отпадот во Крушево, но и тие велат смолите не се штетни.

 

„Нема никаква штетност за околината, тоа е завршена работа, цврст материјал кој го има секаде околу нас, го има како патокази на знаците што се за одбележување на сообраќајот, во антените кои ги изработуваме, ако и се вградени насекаде во околината, детските игралишта, значи каде децата имата допир со таа работа. Со депонијата во Крушево соработуваме 4-5 години, имаме договор за тоа за превземање на отпадот“, кажа Јане Камов, директор на „Еуро профил“.

 

Од Државаниот пак инспекторат за животна средина од Битола, надлежни за овој регион велат дека строго е забрането на депонија да се одложува друг отпад освен комуналниот, но признаваат дека Македонија не располага со специјализирана депонија за индустириски и хемиски отпад. Што пак го отвора прашањето каде завршува ваквиот отпад и во другите градови во Македонија.

 

И од Министерството за животна средина потврдија дека во Македонија нема основано депонија за опасен отпад, а истиот се се предавал на лиценцирани компании за постапување со опасен отпад и се извезува надвор од државата. Крушевчани пак бараат официјално расчистување на случајот и добивање на одговор дали нивното здравје е загрозено.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи