Пропаднаа преговорите во Брисел – ЕУ аспирациите на Македонија ќе причекаат

Facebook
Twitter
Email
Print

Според блогот на ЕУ, Политико, кој се повикува на дипломатски извори од лидерскиот самит во Брисел, разговорите за проширување на ЕУ дефинитивно пропаднале и ЕУ аспирациите на Македонија и на Албанија мора да причекаат.

 

Како што пишува новинарот Жерардо Фортуна, продолжението на разговорите за проширување на ЕУ денеска не е на агендата на лидерскиот самит, иако беа спомненати  за процедурална промена во конечните заклучоци.

 

Според извори од ЕУ, 25 земји членки била за, а 3 земји биле против.

 

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, имал цврст став против доделувањето датум, кој надвладеал и покрај спротивставените ставови на првиот човек на Европскиот Совет, Доналд Туск и германската канцеларка Ангела Меркел, кои се залагале на Советот да се даде зелено светло за двете држави.

 

Холандскиот премиер, Марк Руте, поддржал потенцијален компромис според кој би се дозволило почеток на преговори со Македонија, додека Албанија би се оставила да причека. Сепак, ниту предлогот за разделување на земјите не бил прифатлив.

 

Како што пренесува Политико, аргументите на Францускиот претседател Макрон биле дека Унијата пред да ги отвори портите за нови членки треба да претрпи внатрешни реформи, но посочил и дека Македонија и Албанија сѐ уште не се подготвени да го почнат пристапниот процес со ЕУ.

 

Со цел да се отпочнат преговорите, потребна е комплетна едногласнот на ниво на ЕУ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи