Дрвокрадството во Прилеп не престанува. Секојдневно по прилепските улици може да се видат возила од овој тип како на фотографијата кои служат исклучиво за пренос на нелегално украдените дрва. Она што е уште пострашно е тоа дека овие возила малтене слободно се движат по улиците. Читатели до нас испратија фотографија од синоќа од едно такво возило.
Слободно ставаат гориво на бензиските станици ( само погледнете на сликата каде се наоѓа плинската боца, на покривот од возилото ), слободно ги носат на поправка кај автомеханичари, како се да е легaлно.
Се отвора прашањето кога сите ги гледаат овие возила, зошто истите не ги забележуваат и оние кои треба и како е можно легално да ставаат гориво на бензинските пумпи во Прилеп !