АРМ доби донација на САД на опрема за атомска, биолошка и за хемиска одбрана

Facebook
Twitter
Email
Print

Преку 1.500 парчиња заштина опрема и околу 1.200 чифта чизми, ракавици и чорапи, наменети за Четата за заштита од атомско, хемиско и биолошко оружје (АБХО) при Армијата, денеска беа претсавени во касарната „Ѓорче Петров” во Скопје, како донација од САД.

 

Со тоа е завршена првата фаза од донацијата, а станува збор за заштитни маски, заштитни одела, цедила за маски, заштита на ногата, заштитни чизми, боци за воздух, компресори за воздух.

 

Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска новата опрема за АБХО предвидува зајакнување на нашите капацитети во делот на специфичните закани на државата.

 

„Ова е првиот дел кој завршува оваа година, додека целата донација ќе биде на располагање до октомви 2020 година. Оваа донација е програмата „333″ иницирана од Европската команда на вооружените сили на САД, со цел да се зголемат капацитетите во овој домен. Вкупната сума на донацијата ќе изнесува седум милиони евра“, истакна Шекеринска.

 

Министерката информираше дека околу 20 јануари идната година ќе започне тренингот за користење на опремата која до сега е пристигната. Таа рече дека како членка на Алијансата и како држава која гарантира безбедност на своите граќани треба да бидеме подготвени да одговориме на секакви закани, вклучително и во доменот на колективната одбрана на НАТО.

 

Во НАТО, заклучи министерката, ќе влеземе како земја членка која се гордее на своето достигнување и на својот успех и додаде дека сите граѓани се нестрпливи да го видат нашето знаме пред седиштето на НАТО.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи