Холандскиот сенат попладнево го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, објави министерот за надворешни работи Никола Димитров на неговиот фејсбук-профил.
Остануваат уште две земји кои треба да го ратифукуваат протоколот, а тоа се Шпанија и Франција. Францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние рече дека државата ќе го ратификува протоколот до крајот на годината.
По нив, и нашата земја ќе треба да го ратификува протоколот, со што ќе се заокружи процесот и земјава ќе стане 30. членка на алијансата.