Притвор од 30 дена за 43-годишен прилепчанец во чиј дом е пронајден хашиш, поради основано сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Оддел за недозволена трговија со дрога при Полициска станица – Прилеп денеска до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 43-годишниот прилепчанец И. К., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РСМ.
„По претходно добиени оперативни сознанија полициски службеници преземаа оперативни мерки и истражни дејствија и на 13.11.2019, врз основа на наредба за претрес на дом и други простории издадена од Основен суд – Прилеп, извршен е претрес во домот каде што престојува И.К.. При претресот, во помошна просторија во домот на пријавениот, пронајдена е наркотична дрога – хашиш. По извршеното вештачење е утврдено дека смолестата материја е наркотична дрога – хашиш со нето маса од 364.4 грама“, се вели во соопштението од МВР.
Судија на претходна постапка при Основен суд – Прилеп за И.К. определи мерка притвор во времетраење до 30 дена.