Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Св.Никола 2019“ ќе се игра за помош на Дејан Најдоски

Локалниот спортски сојуз, компанијата „Комфи Ангел“ и Општина Прилеп, по 9-ти пат ќе го организираат турнирот во мал фудбал „Св.Никола 2019“, кој повторно ќе биде од хуманитарен карактер.

 

„И годинава турнирот ќе има хуманитарен карактер. Средствата од минатогодишниот турнир во висина од околу 180.000 денари беа наменети за лицата со ретки болести, а оваа година собраните средства ќе бидат наменети за лекување на нашиот млад сограѓанин, Дејан Најдоски. Турнирот ќе се одржи од 10 до 25 декември, очекувам дека ќе се пријават екипи во сите возрасни категории, со што ќе се зачува неговата масовност“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

 

„Турнирот претставува вистински празник на спортот, кој е масовно посетен и на кој учествуваат екипи како од нашата општина, така и од страна. Екипите ќе бидат поделени во три категории: сениори, ветерани и пионери. Котизацијата за учество изнесува 5.000 денари за сениори, ветерани 3.000 денари и пионери 1.500 денари. На првопласираната екипа во сениорска конкуренција ќе и’ припаднат 160.000 денари, на второпласираната 90.000 и 60.000 за третопласираната екипа. Кај ветераните, на победникот ќе му припаднат 20.000 денари. Жрепката ќе се одржи на 7 декември, а натпреварите ќе започнат на 10 декември“, истакна Гоце Макалоски од Локалниот спортски сојуз.

 

Пријавувањето на екипите ќе се врши во приемното одделение на Општина Прилеп и ќе трае од утре, вторник 19 ноември, до 7 декември.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи