ВИДЕО – Младеноски: Лагите на Јованоски немаат крај, а од ветените проекти нема ниту шајка

Лагите на градоначалникот Илија Јованоски немаат крај! Истите проекти кои ги најавуваше пред локалните избори само се пролонгираат со нови рокови, а од нивната реализација нема заковано ниту една шајка. Истакнаа на денешната прес конференција Иван Младеноски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„На оваа локација тука, Јованоски ветуваше изградба на здравствено-спортско рекреативен центар со затворен базен, а сега фамозниот проект по којзнае кој пат се пролонгира и ќе бидел завршен во 2021 година.

 

Замислете, градоначалникот и власта на СДСМ во заминување во само една година ќе изграделе затворен базен, градинка, ќе направеле реконструкција на старата чаршија, ќе граделе булевари, мостови и што ли уште не… Верува ли уште некој во овие празни лаги и зборови кои се преточуваат во така наречени развојни програми?

 

Се што е во интерес на граѓаните се одолговлекува, а експресно се реагира и се даваат одобренија за приватни проекти, градби и детални урбанистички планови. Вистината сепак е следна… Јованоски и СДСМ ќе ги исполнат овие ветувања колку што го исполнија ветувањето за 20% пониски сметки за вода, кои патем сега се повисоки за 60%.

 

Градоначалникот пред избори не вети уште бесмртност, а откако е дојден на власт се грижи единствено за своите партиски другари, роднини и лични соработници.

 

Кога веќе одново ветувате, ве прашуваме…. До каде е изградбата на мовчето во населбата Сточен пазар и дали со анекс договори ќе се зголемува и така астрономската сума од 500.000 евра?

 

Граѓаните се смеат на вашите нови ветувања и со нетрпение чекаат да ви пресудат позади избирачките паравани. Вие сте прочитана книга и од вас фајде повеќе нема!

 

На 12-ти април Прилеп ќе гласа за Обнова на Република Македонија и нова власт која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, истакна Младеноски. 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи