Владата предводена од СДСМ докажува дека води вистинска грижа за пациентите и здравствените работници. Како одговорна и владеачка политичка партија, свесни сме дека без мотивирани доктори, нема ниту задоволни пациенти. Затоа, за 25 отсто ги золемуваме платите на лекарите специјалисти, како и 10 отсто на медицинските сестри, мерка која стапува на сила од февруари 2020 година, истакна на денешната прес конференција Драгица Николоска од Комисија за здравство ОО СДСМ – Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Тоа значи дека, заедно со сите зголемувања од минатата година, платата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри над 20 отсто. Додека пак, вкупното зголемување на платата на општите лекари изнесува 25 отсто и 15 отсто на сите здравствени соработници.
Почитувани, само за две години, со домаќински, чесни и одговорни политики, направивме рекордни покачувања на платите на здравствените работници, а медицинските сестри за првпат се вистински вреднувани и почитувани.
ВМРО-ДПМНЕ, со 11 годишното криминално и коруптивно владеење, освен што комплетно го урниса здравствениот систем, максимално ги понижи и здравствените работници, оставајќи ги да работат во нехумани услови, без соодветна апаратура, со недостоинствени плати.
Сега, СДСМ носи вистински мерки во интерес на медицинскиот кадар, но и на пациентите. Ги слушаме потребите на здравствените работници и носиме одлуки со кои им го подобруваме квалитетот за работа.
Затоа вложуваме во човечкиот капитал, вложуваме во луѓето, вложуваме во нашите здравствени работници, а со тоа вложуваме и во здравјето на граѓаните“, рече Николоска.