Само еден процент од граѓаните можат да купат стан, 12 немаат ниту за храна

Facebook
Twitter
Email
Print

Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.

 

Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиоит институт – Тим институт, а денеска беа претставени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.

 

Филип Димитровски, претседател на Асоцијацијата, потенцира дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можнсотите што им се нудат.

„Тоа е евидентно во резултатите дека само шест отсто зеле кредит од небанкарско финансиско друштво во изминатите 12 месеци и високи 52 отсто не користеле ниту една финансиска услуга од понудените во изминатите три години“, вели тој.

 

Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Две третини од оние кои зеле кредит од финансиско друшто се изјасниле дека доколку тие не постоеле ќе позајмеле од роднини или пријатели.

 

Корисници на услугите од финансиските друштва се шест проценти од кредитоспособното население. Најчесто, како што рече Димитровски, ги одбираат услугите на финансиските друштва поради брзината на работењето, полесни поразбирливи услуги, подобра вредност за парите и желбата да пробуваат нови иновативни финансиски услуги. Најчеста причина поради која ги земаат средствата се поправки во домот, итни поправки и слично, различни поважни набавки како мобилен, апарати за домаќинства, домаќинство, мебел. итн и сервисирање на други обврски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи