Од Управата за јавни приходи информираат дека граѓаните кои ја користат апликацијата МОЈ ДДВ за враќање на данок, дека треба да ја проверат внесената трансакциона сметка дали е точна, за во месец декември да може да се направи исплата.
„УЈП во декември 2019 година ќе изврши враќање на 15 % од платениот ДДВ на трансакциска сметка на граѓаните-корисници на апликацијата МојДДВ. За таа цел, за да може да се изврши точно и непречено враќање на данокот, ги повикуваме граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ, да извршат проверка на внесените податоци за трансакциска сметка или доколку не е внесена истата да ја внесат во апликацијата МојДДВ за да им се изврши враќањето на данокот“, велат од УЈП.