Данска од следната година на своите пруги ќе има возови на батерии. Тие во 2020, како пробни, ќе возат на две различни железнички линии.
Министерот за сообраќај Бени Енгелбрехт постигна договор со регионалните власти на Копенхаген, Зеланд и Централен Јутланд да ги пуштат во работа пробните возови на батерии на две различни железнички линии.
Планирано е експериментот да трае до почетокот на 2021 година.
Надлежните истакнуваат дека возовите на батерии се корисни за климата и оти решаваат големи проблеми особено на помалите железници.
Возовите на батерии во моментов се користат во тест-возења во Австрија, а се тестираат и во Германија. Во Германија, првиот воз на водороден погон беше пуштен во употреба во септември минатата година, така што оваа поскапа, но еколошки поприфатлива технологија се спротивставува на дизел-возовите кои го загадуваат воздухот.