Северна Македонија беше топло пречекана на состанокот денеска. Ова покажува дека вратата на НАТО е отворена, изјави пред малку генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прес-конференција во Лондон.
„Веруваме дека членството на Северна Македонија ќе биде добро за земјата, но и за регионот“, изјави генералниот секретар на Алијансата, кој не сакаше да коментира зошто земјава е доволно добра за Алијансата, но не и за Европската унија.
Премиерот Зоран Заев пак на Фејсбук напиша дека македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници.
„Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во сите глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та земја членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца“, напиша Заев.