Феномен на Гренланд: Езеро исчезна за само пет часаФеномен на Гренланд: Езеро исчезна за само пет часа

Истражувачите во реално време набљудувале како езеро кое се наоѓа на површината на дебелиот мраз на Гренланд за неколку часа се празни низ длабоките пукнатини. Она што загрижува е што овој феномен се очекува да биде се почест поради климатските помени.

 

Слојот лед на Гренланд може да биде дебел и до еден километар, а на лето е вообичаено дел од површината да се стопи и да се создаде езеро. Тоа езеро потоа ќе пронајде пукнатина во ледот, ќе ја прошири под притисокот и ќе создаде голем отвор кој се спушта до дното.

 

Овој феномен е тежок за директно набљудување, но научниците од Кембриџ имаа среќа во јули 2018 година да снимат празнење на езеро.

Неколку дена по доаѓањето две третини од езерото или скоро пет милиони литри исчезнале од површината за пет часа. На снимките од воздух, кои се направени пред и потоа со помош на дрон, се гледа голема темносина елипса како се намалува во светлосин круг со помала длабочина.

 

Научниците виделе дека наглото празнење на езерото во одредено време ја зголемува брзината на поместување на мразот од два на околу пет метри дневно.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи