Откако низ медиумите се проширија информациите дека инспектори од МВР влегле во две домашни и една странска фирма, од кои дел бииле поврзани со бизнисменот Орце Камчев, а контролата била во врска со долг од околу 400.000 евра за финансирањето на политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори од април и мај годинава, денеска во Прилеп министерот за внатрешнии работи Оливер Спасовски истакна дека Полицијата ќе влегува во сите фирми каде што имаме сомнежи за криминал.
„Денеска Министерството за внатрешни работи по наредба од надлежниот суд и обвинител е влезено во неколку фирми, со цел да изврши контрола, проверка на сите факти и аргументи кои што се дадени во наредбата и тоа е работа на полицијата и полицијата ќе влегува во сите фирми и ќе спроведуваме постапки секаде каде што имаме сомнежи за криминал. Од МВР нема информации за тоа, со имиња кои фирми се влезени, јас само потврдувам дека се работи на расчистување на работите во три фирми“, истакна Спасовски.