Манчевски најави нов модел на „рамковни вработувања“ – тврди дека моменталните огласите не се поврзани со изборите

Facebook
Twitter
Email
Print

Во јавниот сектор работат 19,5 проценти Албанци, но процентот на вработени граѓани од помалите етнички заедници е сè уште мал. Со цел да има правична етничката застапеност во државната администрација, министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски најави нов модел на „рамковни вработувања“.

 

„Бројките на ниво на целиот јавен сектор зборуваат дека во овој момент имаме 19,5 проценти етнички Албанци вработени во јавниот сектор што значи дека не треба да се работи уште дека не е доволно. И токму во оваа насока ние ги предложивме новите измени во законот за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор, тие се веќе објавени на ЕНЕР, каде што предвидуваме нов начин на планирање на вработувањата и грижа за правична етничка распределба“, рече Дамјан Мачевски- министер за информатичко општество и администрација.

 

Во врска со големиот број на огласи и отворени работни места во последниот период, Манчевски уверува дека тие не се предизборни вработувања во јавната администрација и купување на гласови.

 

„Се работи за редовна активност што се случува секоја година и нема врска со најавените избори. Вработувањата ќе продолжат и во иднина и ова се случуваше и кога немаше најавено избори. На крајот на секоја година има раскинување на сите договори на определено време, бидејќи тие се планирани со буџетот за таа година, но за следната година доколку институциите имаат потреба, ќе бидат распишани нови огласи за вработување на определено време“, рече Манчевски.

 

За помалку од една недела над 16 институции објавија огласи 60-тина огласи за вработување со на над 80 работни места. Минатиот месец имаше 120 огласи за вработување во јавната администрација.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи