Денес околу 15.15 часот во просторијата која ја користи Агенцијата за национална безбедност сместена во ПС ОН Прилеп вработениот од МВР З.М. од службеното оружје пиштол испукал еден куршум во подот.
„Од испукувањето нема повредени, приичинета е незначителна материјална штета. Известен е јавен обвинител. Извршен е увид на лице место. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп превземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.