Спасовски жали што ОЈО немало храброст да одреди притвори за инцидентот во „Александар Палас“

Facebook
Twitter
Email
Print

МВР интензивно работи на истрагата за расчистувањето на случајот со пукањето во „Александар Палас“, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешниот престој во Прилеп, одоговарајќи на прашањето до каде е истрагата за тој случај.

 

Спасовски изрази жалење што обвинителството, како што рече, немало храброст да одреди притвори за осомничените.

 

„Се работи на истрагата за инцидентот со пукањето во хотелот „Александар Палас“. За овој инцидент, знаете, имавме и неколку приведени кои упатуваа сериозни закани по животот на колегите-полицајци. Жалам што обвинителството немаше храброст зашто повторно помина со мерки на обезбедување, наместо со притвори. Но, ние интензивно работиме на тој случај“, изјави Спасовски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи