Во делот на постоечкиот пат Прилеп-Градско од Фариш до Дреново, изведувачот веќе е внесен во работа, поставена е сигнализација и очекуваме доколку временските услови дозволат, веднаш да почнеме со работа. Ова денеска го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Тендерот пак за експреснииот пат Прилеп-Градско ќе бил, објавен идната година.
„Остануваат две клучни работи кои се битни. Прво продолжението од Фариш до Прилеп на постоечкиот, пат во должина од 23 километри кој исто така треба да биде тендериран некаде во јануари месец или пред почетокот на февруари, се со цел наредната година да биде имплементиран и да биде завршен. И второ, она што е уште побитно, тоа е експресниот пат, се прават завршни подготовки за објавување на тендер за преостанатите 65% кои што треба да се направат од Фариш до Дреново. Нашите очекувања се дека или до крајот на оваа година, или до почетокот на наредната година ќе биде објавен тендерот, за да веќе од март-април месец да продолжи со изградба и со добра работа очекуваме дека за година дена тој дел на патот ќе биде направен. Паралелно се работи на патот од Градско до Дреново, така да за година, година и нешто очекуваме дека експресниот пат ќе биде комплетно завршен“, додаде Сугарески.