Македонски автобус се преврте во Србија – 12 повредени од кои еден потешко

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Според првичните информации едно лице е потешко повредено и веќе е пренесено во болницата во Прокупље, a 11 мина поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравниот дом во Блаце.

 

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата и во тек е распределба на повредените.

 

„Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивно згрижување“, велат од Здравствениот дом во Блаце.

 

Причините за несреќата сѐ уште не се познати, но локалните медиуми пренесуваат дека делницата на која автобусот излетал од патот веќе еден месец е во реконструкција, со посебен режим на сообраќај во зависност од работите.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи