Еко акција на прилепската администрација

Прилепската администрација, јавните комунални претпријатија, вработените во неколку градежни фирми кои на терен излегоа со целокупната расположива механизација, заедно со поголем број на граѓани покажаа висок степен на еколошка свест и со успех ја спроведоа иницијативата на Владата за чистење на животната средина.

 

Со чистењето беа опфатени локациите посочени од страна на ЈКП „Комуналец“. Се чистеа диви депонии, просторот околу магистралниот пат Прилеп-Битола, регионалниот Прилеп-Градско и неколку локални патишта.

 

„Градежната механизација работеше на расчистување на дивите депонии над касарната „Мирче Ацев“ и ИКТ центарот, патот од бензинската „Лукоил“ до клучката кај хотел „Салида“, како и на потегот од „Склештен мост“ до излезот кај фабриката „Милина“. Исто така, градежната механизација беше ангажирана и за чистење на Дабнички канал, непосредната околина на црквата во населбата Точила и новите градски гробишта“, информираат од Општина Прилеп.

 

Како што известуваат од локалната самоуправа исто така целосно се и исчистил просторот од прилепската касарна па се’ до чешмата кај вештачкото езеро, патот и околината на манастирот кај село Селце, обиколницата кај Фабриката за цигари, просторот кај старите градски гробишта, а биле исчистени и повеќе други локации во градот и неговата блиска околина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи