Голема хуманитарна акција во сите православни храмови во Прилеп

По повод патрониот празник  на Прилеп, заштитникот на градот, Свети Никола, по 11-ти пат започна големата хуманитарн акција во сите православни храмови во градот под Марковите Кули каде се поставени посебно означени црвени кутии, каде граѓаните можат да донираат средства за социјално загрозените семејства.

 

По тој повод се повикуваат сите граѓани кои имаат можност да донираат парични средства. Кутиите во црквите ќе бидат поставени до 30 декември, по што со собраните пари ќе бидат купени прехранбени производи и средства за лична хигиена кои ќе се донираат на оние кои имата најголема потреба за тоа.

 

За истата цел на самиот ден на празникот на Св. Николај Чудотворец од 08ч.до 14ч. ќе се продаваат црковни свеќи пред параклисот во центарот на градот и тие средствата ќе бидат наменети за социјално ранливите категории.

 

Секоја година се собираат по околу 100 пакети, така што еден апел ајде оваа година да бидеме што е можно похумани за да може нашата помош да стигне до што поголем број семејства и тие граѓани да го почувствуваат празничниот дух за да можат достојно да ги одбележат претстојните Божикни празници.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи