Одбележана 98 годишнината од раѓањето на Блаже Конески

По повод 98 годишнината од раѓањето на Блаже Конески, денеска пред неговиот споменик на платото пред ЦК „Марко Цепенков“, цвеќе положија претставници на основното училиште од градот, кое го носи името на кодификаторот на современиот македонски јазик, како и претставици од Општина Прилеп.

 

Претпладнето, учениците и вработените од ООУ „Блаже Конески“ ја посетија родата куќа на Конески во с.Небрегово, каде имаа литературно читање.

 

Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 г, а почина на 7 декември 1993 г. Тој е истакнат македонски книжевен, културен и јавен работник, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ), поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и јазичар, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи