ВИДЕО – Ристески : Јованоски ги отседна цели 2 години, па од преголема удобност заборави на се што вети

Денеска владеачкото мнозинство во Советот на Општина Прилеп му го изгласа третиот буџет на градоначалникот Илија Јованоски. За граѓаните оваа година не се разликуваше во ништо со минатата. Јованоски и власта ја завршуваат годината со мизерно ниво на реализација на капиталните проекти, а неговите мегаломански ветувања и понатаму остануваат само празно слово на хартија. Истакна на денешната прес конференција претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Цели две години градоначалникот ги отседна, па од преголема удобност заборави на ветените две спортски сали, на изградбата на нов театар, двете нови градинки, ново училиште, заборави и на ветените две обиколници околу Прилеп, на реконструкцијата на Старата чаршија, на ветениот затворен базен, спортско рекреативен центар кај вештачкото езеро, заборави и на чистиот воздух, како и на проектите за младите.

 

Ова се проектите со кои градоначалникот Илија Јованоски ја доби довербата кај прилепчани. Ова се проектите кои се покажа дека биле ништо друго освен низа лаги и поигрување со довербата на граѓаните. Во две години и од два потрошени буџети пари на граѓаните видовме само поскапување на сметките за вода за 60%, видовме трошење на партиски и роднински вработувања и видовме еден куп сомнежи за сторен криминал околу спроведувањето на јавните набавки.

 

Пример за тоа е и возобновеното спомен обележје во месноста Дабница, каде градоначалникот си постави споменик на 3.11.2019, а тендерската постапка за истиот траеше до 05.11. Постави споменик за кој нема добиено одлука од Советот, не е формиран одбор за одлучување и нема одобрение за градба. Еве вака работи овој башибозук кој не почитува ниту една законска норма.

 

Во овие две години се изнаслушавме за непотизам во јавните и државните институции, за вработување на роднини од градоначалникот, поставување братучеди, внуки и внуци на клучни работни места, видовме како роднини од Јованоски градеа дивоградба во градскиот пазар, како се купуваат четири автобуси за 1 милион евра, како се гради мовче за 500.000 евра, видовме расипништво и мајтап со граѓаните.

 

Ова е цената ако овие луѓе продолжат да владеат. Градот и државата ќе уназадуваат, а нивните џебови ќе се полнат до бескрај. За среќа готово е! Прочитани се и нивната политичка кариера е во слободен пад!

 

После 12-ти април со Република Македонија ќе владее одговорна власт и власт која ќе ја обнови државата во сите свери на општественото живеење. Новата власт на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преиспита и сите сомнежи за сторен криминал и верувајте никој, ама баш никој нема да биде поштеден!“, истакна Ристески.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи