Вчера околу 16.15 часот на патот Прилеп-Витолиште, кај преминот „Слива“, полициски службеници дале знак за запирање на возило „Рено ескејп“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.П.
Тој не застанал со возилото и во еден момент се обидел да прегази еден од полициските службеници. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.