ВИДЕО – Бошкоска: Платата на вработените во градинките ја покачивме до 5.744 денари

Со посветено и одговорно работење, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за само две и пол години владеење го унапреди системот на детска заштита и драстично ги зголеми платите на вработените во градинките, истакна на денешната прес конференција Гордана Бошкоска – член на Комисија за труд и социјална политика при ОО СДСМ Прилеп,

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Само во изминатата година, над 3.100 воспитувачи, негуватели, стручни работници и соработници, педагози, психолози и други вработени кои се директно поврзани со згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишната возраст, добија покачување на платите за 21 отсто

 

Изразено во бројки, без при тоа да се вкалкулира минатиот труд, нето платата на воспитувачите е покачена за 5.744 денари, а кај негувателките за 4.339 денари.

 

Во просек, покачувањето на нето платата на стручниот кадар во градинките изнесува 4.585 денари, која со пресметан минат труд доаѓа уште повисока.

 

Ова е до сега најголемо зголемување на платите за оние кои се грижат и ги воспитуваат нашите деца во градинките.

 

Значително покачување на платата во изминатата 2019 година, согласно колективниот договор, доби и помошно-техничкиот персонал во градинките

 

Власта на СДСМ за само две и пол години им го врати достоинството на вработените во градинките,  кои со години наназад беа заборавени и потценети од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Се движиме на правиот пат, обезбедуваме повеќе пари кај граѓаните и го подобруваме системот на детска заштита и ран детски развој“, рече Бошкоска.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи