Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска оствари средба со претставниците на Регионаланта стопаска комора во Прилеп. На средбата се разговарало за проблемите на стопанствениците и како тие може да се надмиат во иднина.
„Генерално тоа се инфраструктурата, непредвидливоста од аспект на законски решенија, даночната политика непредвидливоста која што беше во минатото, политиката со акцизите исто така. Се разбира оние каубојски однесувања на определени политички структури и во минатото, но и сега, така што од прилика тоа беше онаа замерка која што ја слушнавме. Презентиравме наши решенија, од прилика антиципиравме кои се можните решенија, во разговор со бизнисмените од Прилеп и се надевам дека успеавме да го привлечеме нивното внимание. Кога ќе ја имаме конечната верзија на програма, за време на предизборната кампања, се надевам дека ќе имаме уште една можност во детали да го атомизираме сето она кое што денеска го зборувавме, се надевам дека ќе имаме уште една можност. А после 12 април сигурен сум дека тоа што денеска го зборуваме ќе биде многу, многу поразлично од тоа што е денеска реалност“, истакна Мицкоски по средбата со бизнис секторот.
[poll id=”-2″]