ВИДЕО – Мицкоски : Објавите во Ла Верита се уште еден доказ како функционираат политичарите од минатото со поткуп, закани и уцени

Објавите во странските медиуми како оние во Ла Верита се доказ за едно срамно однесување на политичари од минатото, политичари од транзицијата, кои што функционираат со поткуп, со закани, со уцени. Ова денеска во Прилеп го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

„Не ме чуди, јас за сето тоа сум свесен бидејќи сум бил сведок на такви изборни циклуси кои што ги воделе тие луѓе, така што немам што да коментирам, едноставно се срамам што државата во која што живеам, во која што работам е претставена во такво светло во меѓународната заедница и тоа е само уште еден дополнителен показател дека не само што не одиме на вистинскиот пат, туку одиме на погрешниот пат со овие политичари и со оваа влада на СДСМ, одиме комплетно во амбис. Но среќа, граѓаните ќе имаат можност да добијат влада после 12 април која што ќе биде вистинска, граѓанска влада и влада која што ќе се грижи за интересите на граѓаните и развојот на оваа држава“, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

 

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи