Денеска започна јавната расправа за Законот за Јавно обвинителство во Собранието на Република Македонија. Се очекува расправата да трае до 18 часот и да продолжи утре. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп истакна дека тие немаат намера да го поддржат како што рече старо новиот предлог за ЈО.
„Да ја слушнеме јавната расправа, да видиме што ќе се зборува денес на таа јавна расправа, да извлечеме исто така едно сиже од тоа што е кажано. Ако тоа, еве како експертска јавност, биде преточено во законското решение, во текстот на законското решение на Законот за Јавно обвинителство, тогаш ние како ВМРО-ДПМНЕ сето тоа ќе го поддржиме и не гледам причина зошто не би го поддржале. Но ваков каков што е предлогот, ние како ВМРО-ДПМНЕ овој старо нов предлог ниту имаме намера, ниту пак ни паѓа на памет да го поддржиме, затоа што не сакаме да поддржиме уште една амнестија и аболиција на политичари од минатото“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
[poll id=”-2″]