Критична Маса #68 – Велосипедски патеки, наместо патетики

Во градот нема функционери и директори кои со точак одат на работа, но има прилепчани кои и рано наутро на работните места стигнуваат со точак.  Повеќето се приморани да возат низ густиот сообраќај, а и кога рекреираат приморани се да излегуваат надвор од градот на патот кон Штавица, Селце, Вештачко езеро зашто низ градот нема соодветни места за велосипеди.

 

„Локалните власти не само што немаат намера да изградат велосипедска инфраструктура, туку не се ангажираат ниту да ги обележат постоечките минимални велосипедски патеки. Сеуште главен декор по тротоарите и велосипедските патеки се контењерите за ѓубре, паркираните возила, рекламни паноа, па дури и угостителски објекти“, велат од ПрилепНаТочак.

 

Во градот нема функционери и директори кои со точак одат на работа, никогаш нема ниту да има, зошто кога барем еден ден би извозиле ќе сфатат во каква состојба е движењето на пешаците и велосипедистите низ Прилеп…

 

„Треба да се обрне посебно внимание на велосипедскиот сообраќај, треба да размислуваат за дефинирање на велосипедските патеки, анализа на сообраќајната мрежа и можност за означување на сообраќајни ленти, обележување на велосипедски линии. За пешаците дефинирање на зони за смирен сообраќај, изградба на пешачки и вело патеки и зголемување на пешачките зони, т.е. промена на режим на сообраќај во централното градско подрачје, но сето тоа се само патетики кои никогаш нема да се остварат, бидејќи од височината на канцелариите, не се гледаат проблемите долу на тротоарите и улиците“, истакнуваат од Прилеп на Точак.

 

68-та Критична маса ќе се вози во среда, во 17:30 часот, а тргнувањето е од пред споменикот на Александар Македонски во центарот на градот.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи