ВИДЕО – Стерјовска : Само вчера во прилепски Водовод се вработени 17 лица, за 2 години 90 вработени партиски послушници во ова јавно претпријатие

Во надеж дека ќе го избегнат големиот пораз кој им следува на 12 април, расипничката власт на СДСМ деновиве продолжува со партизирање и уништување на институциите. Само во текот на вчерашниот ден дури 17 лица се вработени со договор на дело во ЈКП „Водовод и Канализација“ – Прилеп. Со тоа вкупната бројка на ново вработени партиски послушницииво ова претпријатие стигна до околу 90. Истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјовска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Директорот Емил Јанески на денот  кога ја презеде функцијата го затекна претпријатието во одлична финансиска состојба и со 150 вработени луѓе, а за само 2 години подоцна бројката порасна за нови 90 лица. Што е максимално партизирање на ова јавно претпријатие.

 

Прашуваме дали дел од овие нови вработувања е и директорката на ЈП за ПУП Мери Цветаноска и доколку е вистина од што бега ии од што се плаши оваа навидум успешна директорка. Дали можеби сомнителната набавка на 4 автобуси за 1 миилион евра се причина Цветаноска да бара прибежиште во ова јавно претпријатие.

 

Вработувањето на роднините од партиските функционери на СДСМ и вработувањата на партиските послушници има и своја цена. Од овој месец сметките за вода добија и ново покачување. Па сега со сигурност  може да се каже дека прилепчани ја пијат и ја користат најскапата вода во Македонија.

 

Наместо досегашните 26,70 денари метар кубен вода, со новите сметки чини 27,13 денари. Кога на ова ќе се додадат минатогодишниите покачувања се доаѓа до бројка од над 60% покачување на сметките на вода што е срамно и бездушно празнење на џебовите на граѓаните.

 

Градоначалникот Илиија Јованоски на приилепчани им вети за 20% пониски сметкии за вода. А им донесе за над 60% повисоки. Што го прави најголем лажливец во историјата на Прилеп.

 

Ова е жалната состојба и цената која граѓаниите ја плаќаат од т.н. нов живот и измамничката фраза На прав пат. Ова е тоа лажно и лицемерно владеење на Зоран Заев, Илија Јованоски, Миле Талески и останатите челници од власта на СДСМ. Ги испразнивте џебовиите на граѓаните, ги осиромашивте, а ги наполнивте вашиите.

 

Тоа е всушност вашата филозофија на владеење која никогаш е се променила кога СДСМ е на власт. Затоа на 12 април ви доаѓа крајот и затоа граѓаните со нетрпение чекаат да ви пресудат зад гласачките паравани“, истакна Стерјовска.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи