ВИДЕО – 7 години откако на 04.02.2013 изгоре Трескавец – и по 7 години нема решение за водоснабдувањето

Денеска се навршуваат 7 години откако на 4 февруари 2013-та до темел изгореа конаците на манастирот Трескавец кај Прилеп. Седум години потоа тој е скоро целосно обновен. Останува уште сами некои детали од екстериерот, а црквата треба сама да си го уредии ентериерот. Но за жал иако конаците се готови, неможат да се отворат за гости, ниту да се направи технички прием, затоа што нема вода. Трескавец годишно го посетуваат над 20.000 туристи, а моменталните извори можат да ги задоволат потребите на само 10-тина луѓе. Проектот е веќе направен, чини само околу 100.000 евра, но никој не сака засега да даде пари.

 

 

„Како инвеститор се јавува Општина Прилеп која уште во 2012 година го изработи проектот. Се работи за изработување на каптажа долу во расадникот, тоа е старата чешма изградена од прилепчанецот Христо Бомбол во 1827 година. Потоа водата треба да се качи околу 500 метри нагоре во карпите каде треба да се изгради и новиот резервоар“, истакна монах Калист.

 

Од Општината велат дека после Нова Година упатиле барање до Министерството за транспорт и врски за добивање на средства за водоводот, но досега немале одговор.

 

„Има издвоени средства од Министерството за транспорт и врскии токму за вакви намени, ние испративме ии за други проекти, еден од нив е и за водоводот на манастирот Трескавец“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Од Транспорт и врски пак велат дека барањето не било пратено до нив туку до Владата која допрва треба да одлучува што ќе се слулува со водоводот на Трескавец. Одговор не ни дадоа ниту од Заводот и музеј Прилеп.

 

Засега само едно е е сигурно јасно ако продолжат работите со ова бавно темпо, и годинава вратите на овој велелепен храм ќе останат затворени за гости кои сакаат да преноќеваат таму затоа што вода нема да има. Доколку сакаме туристи мора поголема ажурност на државата.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи