ВМРО-ДПМНЕ Прилеп : Талевски јавно да се извини , во спротивно ќе следи соодветна тужба

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп писмено реагираше на прес конференцијата на претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски на која тој запраша дали претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески и поранешниот градоначалник Марјан Ристески, биле во некаква поврзаност со полицаецот кој наводно конзумира кокаин во некое кафуле.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Во врска со денешната пресконференција, објавена на фејсбук страната Сектор комуникации Прилеп, одржана од страна на претседателот на ОО СДСМ Прилеп, Миле Талевски, ве известуваме дека во истата беспредметно и тенденциозно се споменуваат имињата на претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Петар Ристески и поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески.

 

Не постојат никакви релации за објаснување во врска со вчерашниот настан.

 

Воедно, го повикуваме Миле Талевски согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, јавно да се извини за изнесените клевети и да ја повлече дадената изјава. Бараме извинувањето и повлекувањето на изјавата, да бидат направени на исто место и на ист начин согласно законот, во спротивно ќе следи соодветна тужба“, се вели во реакцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

 

 

 

[poll id=”-2″]

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи