„Terra Incognita“ е тематската изложба од 22 дела од прилепскиот уметник Златко Крстевски што беше отворена синоќа во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Уметникот изложува 22 дела – слики масло на платно работени во периодот од 1990-2020 година.
„Делата се со силна визуелна сугестија каде се испреплетуваат сонот и имагинарното, апстрактното и фигуративното, помеѓу истиот израз и приказната за „Terra Incognita“. Инспириран од средновековното византиско сликарство, користејќи го плаветнилото и окерот како медитерански знак за изразување ги создадов овие дела“, вели авторот Крстевски.
Крстевски реализирал бројни изложби во земјата и во странство, учесник е колонии, застапен е во арт антологии, реализирал бројни перформанси и добитник е на повеќе награди во земјава и во странство.
Освен сликарството, уметничка преокупација му е и сатиричниот цртеж, стрипот и карикатурата.
[poll id=”-2″]