ВИДЕО- Протест на тутунарите во прилепско Црнилиште, се жалат на ниски цени и на увоз на тутун од странство

Над 150 тони тутун со склучен договор се останати неоткупени во долненското село Црнилиште. Емин Еминоски заедно со своите внуци има околу 9 тони неоткупен тутун, вели дека сиоте откупни фирми од непознати причини ги повлекле своите пунктови од селото и сега им велеле да го носат по другите населени места каде за прва класа тутун им го плаќале како трета.

 

 

„Значи на овој тутун, денеска во Ропотово, бидејќи таму не пренесоја, овде го затворија пунктот, трета класа му дава, и му вика ако сакаш земи, ако не кај сакаш носи го. Тоа е играње со народ“, вели Емин Еминоски, жител на село Црнилиште.

 

Тутунарите велат дека инспекциите воопшто не ги заштитувале. Бараат реални цени и враќање на откупните пунктови.

 

„Тие инспекциите, службите доаѓаат, си ја бркаат работата, но ништо, прават некој записник и толку. Лаги има само“,рече Ермин Сулејманоски, жител на село Црнилиште.

 

„Има договори кои воопшто не се опфатени, не се откупени“, додаде Кемал Ибраимоски, жител на село Црнилиште

 

„Имам договор со 3.414 кг. Имам предаденио досега во битолскиот 1.400 кг. Другиот кај сакаш носии го ти вели“, кажа Рамадан Јусуфоски, жител на село Црнилиште

 

Обвинуваат дека до оваа ситуација дошло поради тоа што државата дозволила увоз на тутун и сега откупните фирми не сакаат да го земат домашното производство.

 

„Поздрав до министерот нека води сметка со криминалот, нека го запри, да не увезуваат тутун од надвор, туку да го земат нашето производство, а тој му има дадено документ на сите откупувачи за ова што се случува. Тутун се увезува, секој откупувач има земено. Тутунот се зема од Албанија, од Бугарија, од секаде, важно има увезено тутун и затоа ние страдаме“ изјави Муса Ибраимоски, жител на село Црнилиште.

 

Исто така обвинуваат дека државата лажела со килограмите на откупен тутун.

 

„За 24 работни дена не може да се откупи 20 милиони килограми на тутун. Нема 1.000 ваги во Македонија, 200 има. Лажна изјава дадоа на телевизија дека 20 милиони килограми тутун се откупија, а немаше нити 16. И од тој ден откупувачите започнаа вака да прават со тутунарите“, истакна Муса Ибраимоски, жител на село Црнилиште.

 

Во цела долненска општина имало уште 1.500 тони неоткупен тутун.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи