ВИДЕО – 72 годишна прилепчанка изгоре во пожар на улица „Никшичка“ бр. 10

72 годишната прилепчанка О.С. изгорела во пожар кој утринава се случил на улицата „Никшичка“ број 10. Пожарот започнал од просториите на приземјето каде живеела сега починатата. Не се знае од што настанал истиот. Во моментот на пожарот се случувала вистинска драма затоа што огнот започнал брзо да се шири и на другите два ката од куќата каде во моментот на трагедијата се наоѓале нејзините двајца синови со семејствата.

 

 

Во моментот на пожарот семејствата на двајцата синови на починатата кои живееле на првиот и вториот кат од куќата биле спасени од страна на ТППЕ Прилеп со помош на скали преку терасите. Соседите велат дека глетката била страшна, оган и пискотници од сите страни.

 

„Гчедав чад и оган како излегува од просториите каде живееше старата. А што се случило незнам. Се спасуваа преку терасите. Од првиот спрат таткото ги спушти од терасата, ги прифатија долу, а горните со скали кога дојде пожарната“, рече Зора Јанческа, сосед, очевидец на настанот.

 

Од противпожарата едница од Прилеп рекоа дека интервениравме со 4 возила и 11 пожарникари. Пожарот бил изгаснат за кратко време, но за жал жената веќе починала.

 

„Пожартот се проширил по скалите на двата спрата, но со успешната акција спречен е тој да ги зафати просториите на спратовите. Спасени се човечки животи, но за жал се случии немил настан каде една личност е почината“, изјави Методија Николоски, заменик командир на ТППЕ Прилеп.

 

По трагичниот настан роднини и пријатели на семејството веднаш пристигнаа на помош за расчистуње на куќата. Семејството го посети и градоначалникот на Прилеп, кој им вети финансиска помош, но ги повика и сите хумани граѓани и компании да помогне кој колку може.

 

„Општина Прилеп како и секогаш и овој пат ќе излезе во пресрет со материјална помош на овие две фамилии. Се надевам дека ќе добиеме и помош и до други места и стопански субјекти“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

По пожарот на терен веднаш излегле и екипите на ПС Прилеп и од Јавното обвинителство, а вешто лице допрва треба да утврди од што и како настанал пожарот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи