72 годишната прилепчанка О.С. изгорела во пожар кој утринава околу 8.30 часот се случил на улицата „Никшичка“ број 10. Пожарот започнал од просториите на приземјето каде живеела О.С, а ќуќата имала уште 2 други ката. Од ТППЕ Прилеп истакнаа дека пожарот бил изгаснат за многу кратко време, но за жал О.С. веќе била почината.
„Интервениравме со 4 возила и 11 пожарникари. Пожарот беше веднаш изгаснат, но жената беше почината. Успеавме за само неколку минути по пристигнувањето да спасиме уште 2 други жени од вториот кат со помош на пожарникарски скали“, истакна Пецо Димоски, командир на смена во ТППЕ Прилеп.
На терен веднаш излегле екипите на ПС Прилеп и од Јавното обвинителство, а вешто лице допрва треба да утврди од што и како настанал пожарот.