Светлана Зуламоска од Кривогаштани во пресрет на Оскарите како поддршка за „Медена земја“ од коса го изработи ликот на Атиџе Муратова.
Таа често изработува портрети од коса на познатите, а до сега има направено портрети од коса на Тоше Проевски, Игор Џамбазов, Весна Петрушевска, Кире Лазаров, како и многу други домашни и странски ѕвезди, а повеќе за нејзиното хоби може да погледнете на следниот линк.
Сега на ред дојде и ликот на Атиџе Муратова.