Врз основа на цената на нафтата на светскиот пазар, регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги намали цените на горивата .
Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинуваат за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари. Со тоа новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар дизел ќе се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.