Министерот за здравство Венко Филипче при посета на Одделението за третман на деца со потешкотии во развојот при Општата болница во Охрид, што беше отворено пред неколку месеци со поддршка на Владата на Република Бугарија, изјави дека три општини во Македонија ќе добијат апарати магнетна резонанца, кои ќе бидат набавени преку развојниот буџет на ресорното Министерство.
„Станува збор за исклучитално важен апарат за жителите во регионот, имајќи предвид на големиот број сложени интервенции што се спроведуват во болницата и во другите здравствени установи во градот, а имаат потреба од такво вид снимање“, рече министерот, најавувајќи дека во Охрид ќе ги посети уште и Специјалниот завод за третман на кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и травматологија „Свети Еразмо”, чија изградба е во тек.
Покрај Охрид, со магнетна резонанца ќе бидат задоволени и потребите на центрите во Прилеп и Гостивар, а постапката за набавка на апаратура ќе биде отпочната за две седмици.