Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против 27-годишната С.А. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
На 01.01.2020 на ул. „Славеј Планина“, во куќата на Ц.Р., влегла пријавената – девојка на неговиот внук Д.К., заедно со К.А.(27), по што започнале расправија, при што С.А. истурила бензин низ просторијата и предизвикала пожар.