Пред маркет на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп полициски службеници од Полициска станица Прилеп при вршење на работни задачи од областа на сообраќајот го лишиле од слобода З.К.(36) од Прилеп кој управувал патничко моторно возило „алфа ромео” со прилепски регистарски ознаки, бидејќи истиот одбил да се легитимира, упатувал закани и физички нападнал еден од полициските службеници.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.